Шпанскиот првак Барселона во ниту еден случај не планира да го врати Филипе Кутињо во своите редови, иако Бразилецот од стартот на оваа сезона полека се враќа во претпознатливата форма во дресот на Баерн Минхен. Баварците ова лето го доведоа Кутињо на позајмица, а со Барса направија спогодба да го откупат по крајот на сезоната за сума од 120 милиони евра, секако, ако се задоволни од прикажаното на одличниот креативец.
Засега Кутињо ги оправдува средствата, на осум меча во Бундеслигата забележа два гола и три асистенции, со своите настапи потсетува на најдобрите денови кои ги пружи во дресот на Ливерпул. Но, колку и да игра добро, за Кутињо ќе нема место во составот на Ернесто Валверде.
Познато е дека шпанскиот и германскиот првак се во добри односи, па затоа управата на Каталонците е подготвена да ја намали претходно договорената сума од 120 милиони евра само за Баерн да реши целосно да го откупи договорот на Кутињо. И да не се оствари овој трансфер, планот Б на Барса е да го понуди Кутињо на премиерлигашките гиганти, а Манчестер јунајтед, Челзи и Арсенал би биеле битка за неговиот потпис.