Црвена ѕвезда и Партизан со одличните игри во европските купови сезонава собраа бодови кои ја однесоа Србија на позиција за следната сезона да има еден директен учесник во Лигата на шампионите, а вториот да игра во квалификации. Двата најтрофејни клуба во Србија стигнаа до нокаут-фазата во Лигата на Европа и Конференциската лига, но многу веројатно е дека тука ќе заврши нивната европска авантура.
Шампионот Црвена ѕвезда вечерва во Белград ќе игра реванш против Глазгов ренџерс и има негатива од три гола. Шкотите на домашен терен победија со 3:0 и имаат голема предност пред дуелот на „Рајко Митиќ“.
Во мисија од бркање на три гола негатива е и Партизан, но Црно-белите играат на гости, и тоа кај Феенорд. На првиот меч во Белград, Партизан водеше со 2:1, но потоа тимот како да се распадна, па холандскиот тим даде четири погодоци и славеше убедливо со 5:2.
Во Sport Life има понуда за тоа кои тимови ќе одат понатаму во следната фаза од Лигата на Европа и Конференциската лига, а токму Ѕвезда и Партизан се најголеми аутсајдери. За поминување во следната фаза на Партизан, коефициентот е неверојатен и изнесува 200, додека Ѕвезда да го елиминира Ренџерс, квотата е 10.
Ако верувате во овие две чуда и одиграте дека Партизан и Црвена ѕвезда ќе продолжат во следната фаза од европските натпреварувања, вкупниот коефициент е неверојатен и изнесува 2.000.