Сашо Н. е прогнозерот кој може да жали што не е во трка за освојување на мобилниот телефон Ајфон 12, но сепак е со одлични шанси да добие вредносен ваучер од 500 или 1.000 денари во Sport Life, по завршување на 35. коло на Спортска прогноза.
Од досега одиграните 11 натпревари, Сашо успеа да погоди дури 10. Единствениот кикс на Сашо во викенд дуелите е мечот од Премиерлигата меѓу Лидс и Брајтон. Прогнозата била победа на Лидс кој се бори за опстанок, но Брајтон одигра 1:1. Сите останати 10 парови се погодени маестрално.
Вечерва се играат два натпревари за да се комплетира колото. Лацио го пречекува Јувентус, а Сашо прогнозира дека ќе биде нерешено, додека на дуелот Њукасл – Арсенал очекува триумф на Топчиите.
За разлика од Сашо, ниту еден друг од прогнозерите нема повеќе од осум погодоци во досега одиграните 11 натпревари, но интересно ќе биде да се види дали Сашо ќе заработи вредносен ваучер од Sport Life и во колкав износ би бил тој.