Независната регулаторна комисија на англиската Премиер лига доби сигнал за нарушување на финансиските правила од Лестер сити во време на претходниот престој во елитното друштво (2022/2023) и ако се вратат во Премиер лигата, предложено е да бидат казнети.
Лисиците играат во Чемпионшип, но го делат врвот со Лидс и реално е да се вратат во Премиер лигата следата сезона.
Ако клубот биде прогласен за виновен, идната сезона би можело наместо од нула, да ја започне со негатива од минус три бода. Од Лестер се изненадени од истрагата против нив и цело време тврдат дека се невини.
Правилата им дозволуваат на клубовите да остварат загуби најмногу од 105 милиони фунти во период од три години, или 35 милиони фунти по сезона, пред да се соочат со санкции, а Лестер пријавил поголем финансиски минус.
И Евертон и Нотингам форест се соочија со слични обвиненија во врска со нивните сметки за сезоната 2022/2023, па и ним им се одземаа бодови. Сомнежи за прекршување на финансискиот ферплеј, и тоа по повеќе од 100 точки има за Манчестер сити, но на Граѓаните засега не им се одземаат бодови, ниту се казнети на кој било друг начин.