Ако во минатото имаше контроверзи, сега нема дилеми – Познат е освојувачот на Златната топка

Лионел Меси е последниот освојувач на Златната топка, на церемонијата која што се одржуваше кон крајот на минатата година.

Аргентинецот дојде до седмото најпрестижно фудбалско индивидуално признание во една голема контроверза кога според многумина подобар беше Роберт Левандовски.

Ако во минатото имаше големи дилеми и контроверзи, за овогодинешното издание, речиси и да нема дилеми. Според сите проценки и најави Карим Бензема треба да е добитникот на овој трофеј а тоа ќе биде сосема заслужено.

Французинот е далеку пред конкурентите со своите настапи, и беше еден од најзаслужните што Реал Мадрид ја освои Ла Лига и Лигата на шампионите.

Со вчерашниот триумф, иако не постигна гол, тој ја потврди оваа награда пред Мо Салах, Садио Мане и Вирџил ван Дајк кои се токму од Ливерпул, како и Килијан Мбапе од ПСЖ.

Церемонијата на доделувањето ќе се одржи на свеченост во октомври а локацијата сè уште не е позната.

- Оглас -

Најнови вести