Ако загуби вечерва, Манчестер јунајтед ќе доживее срам каков немале 45 години

Манчестер јунајтед вечерва од 21 часот е домаќин на Њукасл од кого дома не загубиле лигашки меч од 2013 година наваму, и тоа е добрата вест за Црвените ѓаволи, но има и една лоша, освен тоа што мора да играат без суспендираните Бруно Фернандеш и Угарте.

На Јунајтед во далечната 1979 година за последен пат му се случило да загуби три лигашки натпревари по ред на „Олд Трафорд“. Тимот на менаџерот Рубен Аморим губеше дома во претходните две кола и загубат и вечерва од Чавките, ќе врзат три порази по ред пред своја публика, црна серија каква немале 45 години.

Има уште еден интересен податок врзан за вечерашниот дуел. Цели 10 години не е досуден пенал против Манчестер јунајтед во меч кој се играл околу Божиќ или Нова година. Последен гостин кој шутнал пенал на „Олд Трафорд“ бил токму вечерашниот ривал Њукасл, на Боксинг деј во 2014 година.

- Оглас -

Најнови вести