Акранес и Викингур знаат само да победуваат, Ал-Ахли со денешниот противник секогаш игра со малку голови (Фото)

2833 – ИА Акранес – Тор Акурејри (20:00)

Разликата помеѓу овие две екипи е само еден бод на табелата во втората исландска лига. Домашните се во подобра форма во моментов, бидејќи имаат три победи по ред, а четири од последните пет натпревар кои ги одиграле овие две екипи со други противници завршиле “гол-гол“. Екипата на Акранес има шест победи по ред над Тор, а последниот пораз го има доживеано пред точно 10 години, односно во 2013-тата година.

Предлог тип: 1 & ГГ (2.65)

 

3561 – Валмиера – Лиепаја (17:00)

Екипите на Валмиера и Лиепаја имаат по идентични 29 бодови на табелата во првенството на Летонија. Сепак, овие две екипи имаат интересна традиција во меѓусебните дуели и од таму произлегува малата предност на гостинската екипа. На последните пет меѓусебни натпревари помеѓу Валмиера и Лиепаја секогаш победувала гостинската екипа.

Предлог тип: Х2 & 2+ (2.35)

 

2844 – Филкир – Викингур Р. (21:15)

Дуел на десеттопласираниот и лидерот во првенството на Исланд му ја носи фаворитската улога на гостинскиот тим на овој натпревар. Нема дилеми дека Викингур е апсолутен фаворит на овој натпревар, но на четири од последните пет дуели фаворитот на овој меч примал погодок. На спротивната страна, екипата на Филкир има серија од девет натпревари кои завршувале со голови во двете мрежи.

Предлог тип: 2 & ГГ (2.55)

 

5655 – НБ на Египет – Ал-Ахли К. (20:30)

Екипата на Ал-Ахли од Каиро е второпласирана во првенството на Египет со два поени помалку од лидерот Пирамидс, но има неверојатни шест натпревари помалку. Тоа би значело дека Ал-Ахли нема да има големи проблеми да се искачи на врвот на табелата, а тоа може да го стори уште вечерва против составот на Националната банка на Египет. Овие две екипи низ историјата имаат одиграно вкупно шест натпревари и никогаш немало повеќе од два погодоци.

Предлог тип: 2 & 0-2 (3.10)

 

3644 – Варбергс – Ландветер (19:00)

Дуел на петто и шестопласираните екипи на табелата во шведскиот нисколигашки фудбал. Гостите се во исклучително лоша форма и имаат три порази во серија, додека домашната екипа на Варбергс има две победи во низа. На трите меѓусебни натпревари кои ги одиграле овие две екипи никогаш не биле постигнати повеќе од три погодоци.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (2.02)

- Оглас -

Најнови вести