5.8 C
Skopje
вторник, 28 октомври 2025

Активирана „бомбата“ во Англија: Ливерпул плати 125 милиони фунти и го купи Исак од Њукасл

Шведскиот напаѓач Александар Исак е новиот играч на Ливерпул, клубот од „Енфилд“ го официјализира тоа.

Сагата околу трансферот на брилијантниот напаѓач од Њукасл во актуелните англиски шампиони траеше долго време, сè до последните часови од преодниот рок, а Црвените и Исак конечно го добија своето и започнаа долгорочна соработка.

Според достапните информации, Ливерпул платил рекордни 125.000.000 фунти за убиствениот Швеѓанец и му го предаде дресот со број девет.

Официјалната вест ја објави и Ливерпул на своите социјални медиуми со зборовите: „вредеше да се чека“.

- Оглас -

Најнови вести