Фудбалерите на Ѓозтепе го приредија голот на денот во победата над Карагумрук од 2-1 во мечот од турскиот Куп. Гостите поведоа со 2-0 во 55-тата минута благодарение на фантастичната тики-така акција со 15 точни додавања, пред да реализира Озтекин.
Акцијата како да е препишана од Барселона, во времето кога Пеп Гвардиола ги предводеше Каталонците.