Со прекрасна акција на речиси целиот тим, Гвадалахара постигна гол за пресврт од 0:1 за 2:1, што беше и клучен за победата од 3:1 против Пумас во меч од мексиканското првенство.
Тики-така акцијата на играчите на домашниот тим беше прекрасна и со неколку супер атрактивни додавања и „штикли“, а ја круниса Алексис Вега во 38-мата минута.
Guadalajara Chivas’ with a great build-up for Alexis Vega’s goal to make it 2-1 vs Pumas last night from soccer
Само две минути подоцна, гостите си дадоа и автогол за конечни 3:1 за Гвадалахара, а потоа до крајот, или речиси повеќе од 50 минути, немаше погодок на стадионот „Акрон“.