Акцијата на „Комити“ беше успешна и урна рекорд со продадени 33.381 билет под мотото „Купи билет за спас на Вардар“, а ефектот е помош за клубот во износ од околу 55 илјади евра.
„Им благодариме на сите кои ја поддржаа нашата акција. Градски стадион беше распродаден со убава акција која беше поддржана од народот. Организирана беше од нас, а беа продадени 33.381 билет и со тоа е урнат секој рекорд на спортски натпревари. Вардар ќе живее иако тоа некој не го посакува. Ќе живее бидејќи го има народот зад себе. Иако шансите за било каков подвиг се сведени на минимум, ние веруваме во нив. Во овој случај успех е опстанок. Верувам дека ќе успееме во тоа“ истакнаа Комити.
Парите се наменети за помош на клубот и за плати на играчите и на вработените во ФК Вардар.
Црвено-црните ја почнаа пролетната полусезона со многу проблеми и неизвесност, откако поранешниот сопственик Сергеј Самсоненко се уште не го расчисти дологот што го има кон фудбалерите, вработените и кон останати субјекти што соработувале со Вардар.