Фудбалскиот клуб Вардар и навивачката група Комити се пофалија дека за неколку денови од почетокот на акцијата за продавање на членски карти кои ќе бидат и сезонски билети, собрани се веќе 1.000.000 денари, што значи 1.000 продадени членски карти.
Желба и цел е да се продадат над 34.000, колку што е капацитетот на најголемиот стадион во Македонија, а сите пари ќе бидат за помош и нормално функционирање на Црвено-црните кои се вратија во прва лига.
„Силата на Вардаровите навивачи! За помалку од една недела, заедно успеавме да стигнеме до првиот милион. Не запираме тука, ова е само почеток. Целта е се уште далеку, но само заедно, сплотени, како до сега, ќе стигнеме до неа! Акцијата продолжува, со уште посилно темпо! Членската карта е обврска на секој навивач на клубот“ – порачаа вардарци, со потсетување дека членските карти може да се најдат на продажните места на „МК Тикетс“, како и преку линкот https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx