Актуелниот лидер во Ф1 е прв фаворит за победа, но Имола знае да биде непредвидлива

Австралиецот Оскар Пјастри од Мекларен е главен фаворит за победа на денешната трка на патеката Имола за Големата награда на Емилија-Ромања. Пјастри кој е и водечки во генералниот пласман во Ф1 шампионатот, вчера имаше најбрзо време во квалификациите и ќе стартува од пол-позицијата.

Веднаш зад Пјастри ќе биде актуелниот светски првак Макс Ферстапен, а групата на фаворити за прво место на пиедесталот ја заокружува Ландо Норис. За победа на Џорџ Расел квотата е 15 и тој е четврти фаворит на оваа трка. Сите останати возачи се со коефициент 100+ за да се радуваат на триумф.

Домашните навивачи на Имола беа разочарани затоа што болидите на Ферари не успеаа да бидат ниту во Топ 10. Шарл Леклер ќе стартува од 11-тата позиција, а веднаш до него ќе биде тимскиот колега Луис Хамилтон. Италијанецот Кими Антонели од Мерцедес ќе започне од 13-тото место.

- Оглас -

Најнови вести