Возбудувањата во Формула 1 шампионатот продолжуваат денеска со трката за Големата награда на Азербејџан. Актуелниот шампион Макс Ферстапен е фаворит за победа, а како најголеми и според квотите кои им се даваат, единствени ривали му се Серхио Перес и Шарл Леклер.
Перес победи на вчерашната спринт трка, а Ферстапен доби оштетување на болидот по еден инцидент со Џорџ Расел.
Во понудата на Sport Life има голем број на игри кои се нудат како за тоа кој ќе го има најбрзиот круг, кои возачи ќе бидат во Топ 3 на пиедесталот, дали двата болиди од еден тим ќе успеат да освојат поени и уште многу други игри кои може да ги најдете во Sport Life.