Атлетико Минеиро по 50 години чекање ја освои титулата во бразилската Серија А.
Тимот кој што во своите редови ги има Хулк, Диего Коста и Едуардо Варгас планира дополнително да се засили со цел одбрана на насловот.
Медиумите од Бразил велат дека во плановите за идната сезона на овој тим се и Даглас Коста кој е под договор со Баерн Минхен како и искусниот дефанзивец Диего Годин. Додека се чекаат овие двајца ветерани, денеска пристигна веста дека од Атлетико Минеиро си заминува Диего Коста. Некогашниот играч на Атлетико Мадрид и Челзи, остана само 19 меча во дресот на бразилскиот првак.
View this post on Instagram
Голема желба на раководството на овој тим е и Оливие Жиру од Милан, но, таа опција изгледа малку веројатна бидејќи Французинот игра навистина одлично во редовите на италијанскиот великан.