Актуелните случувања не го заобиколија и фудбалот: Натпревар во Нови Пазар прекинат поради Сребреница (Фото)

Првенствениот натпревар помеѓу Нови Пазар и Раднички Ниш од лигата за опстанок во српското првенство беше привремено прекинат поради истакнат транспарент на кој пишуваше „Сребреница геноцид“. Откако спорниот транспарент се појави на трибините, веднаш реагираа делегатот и главниот судија и го прекинаа мечот, но публиката остана глува на барање тој да биде отстранет.

Фудбалерите на двете екипи го напуштија теренот и заминаа во соблекувалната, а прекинот траеше 16 минути, по што натпреварот продолжи и заврши со победа на домашните од 2-1.

- Оглас -

Најнови вести