Ал-Ахли да покаже зошто е најдобар клуб во Африка

5191 Ал-Ахли – Беркане (18ч)

Ал-Ахли како еден од најтрофејните клубови од Африка, попладнево атакува на седма титула во африкасниот Суперкуп каде што силите ќе ги одмери со мароканскиот претставник Беркане.

Дуелот кој ќе се игра во Доха треба да припадне на тимот кому му припадна улогата на домаќин, а воедно ќе биде прва пресметка на овие две екипи. Ал-Ахли за мечот се подготвуваше со две контролки во кои победи со 2-0 и ремизираше со 1-1 против Мамелоди, додека Беркане во не толку добра форма ќе влезе во мечот ако се знае дека има само еден триумф во последните пет кола од мароканскиот шампионат.

Беркане никогаш во својата историја се нема борено за овој трофеј, додека Ал-Ахли го држи рекордот со шест трофеи во Суперкупот, па може да се претпостави во чии раце ќе заврши пехарот од ова издание.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (2.11)

 

2701 Хелсинки – Оулу (17ч)

Хелсинки во новата сезона тргна речиси перфектно и по пет кола стои на врвот во финското првенство со 13 бода. Формата од четири победи и едно реми е знак дека фенерџијата Оулу нема да може да се избори за поволен резултат на „Болт арената“, каде што во лигашки рамки памети два порази без даден гол.

Хелсинки всушност бележи одличен учинок со три добиени дуели против Оулу и едно реми, а последен пат се сретнаа во април годинава во пријателски меч кој исто така фаворитот го доби со убедливи 4-0. Тоа значи дека головите нема да изостанат попладнево.

Предлог тип: 1-1 2+ (1.77)

 

3502 Жилина – Злате Моравце (19ч)

Жилина како фаворит во плејоф мечот против Злате по кој победникот ќе избори пласман во квалификациите за Лигата на конференции, треба да ја оправда таа улога. Двете екипи сезонава се сретнаа петпати во кои Жилина избори подобар биланс со три победи и два порази, од кои последната победа беше убедлива со 5-1 на домашен терен.

На свое тло треба повторно да покажат дека се подобри ако се знае дека Жилина во 16 меча како домаќин сезонава дури 11 пати издвојуваше победа. За да биде уште посигурно дека Жилина ќе слави вечерва, треба да се знае дека Злате Моравце пред 10 години го оствари последниот гостински триумф против фаворитот.

Предлог тип: Т1 2+ & ГГ (1.88)

 

3531 Динамо Минск – Рух Брест (19:10ч)

Моменталниот лидер во Белорусија во претходното коло ја прекина победничката серија на Динамо Минск, која домаќините ќе треба што побрзо да ја вратат за да останат при врвот на табелата.

Екипата од Брест има еден триумф помалку од Динамо по 10 кола, па бодовната разлика на овие две екипи е само два и наговестува интересен и ефикасен дуел во Минск. Со таа најава треба да се прекрши правилото од само еден гол во меѓусебните дуели на овие две екипи, ако се знае дека минатата сезона Брест двапати славеше со минимални 1-0, па сега Динамо треба да се реваншира.

Предлог тип: 1X & 1-3 (1.81)

 

1276 Дрогеда – Дери сити (20:45ч)

Дрогеда се надева дека ќе ја одржи победничката серија, односно да ја продолжи на пет триумфи по ред, така што конечно ќе го прекине негативниот биланс против Дери и конечно по шест години пауза ќе ја надигра оваа екипа.

Во лигашки рамки Дрогеда последен пат славеше над Дери сити во септември 2015 година, а од тогаш претрпе четири пораз од овој противник, кој по 13 кола се наоѓа во долниот дел на табелата од северноирското првенство.

Со евентуален триумф Дрогеда ќе фати приклучок со водечките Слиго, Шамрок и Сент Патрикс и ќе донесе нови возбудувања во раната фаза од шампионската трка.

Предлог тип: 1X & 0-3 (1.77)

- Оглас -

Најнови вести