Ал Ахли го искористи подарокот на ФИФА, со Ал-Хилал ќе се обидат да ја сопрат доминацијата на Европа и Јужна Америка (Видео)

Ал Ахли ќе игра против Реал Мадрид во полуфиналето на Светскиот клупски куп што го организира ФИФА, а Ал Хилал ќе се обиде да го изненади бразилски Фламенго за прво финале во нивната историја.

Египетскиот гигант доби неочекуван подарок од ФИФА и како вицешампион на Африка, благодарение на првакот Видад Казабланка доби право за настап на купот, поради тоа што Мароко е домаќин на турнирот.

И Ал Ахли успеа да го искористи, најпрво со победа од 3:0 во првото коло протов Оукленд сити од Нов Зеланд и денеска со триумф од 1:0 против Сиетл саундерс од САД.

Мохамед Морси, со прекарот Афша беше стрелец на победничкиот гол за Ал Ахли за полуфинале против Реал Мадрид.

Претходно во голема драма, Ал Хилал, кој е претставник на Саудиска Арабија и првак на Азија на пенали беше подобар од домаќинот на турнирот Видад Казабланка и победи со 5:3 на пенали, откако во регуларниот дел и по продолженијата од двапати по 15 минути беше нерешено 1:1.

На 7. февруари тие ќе играат со Фламенго, а следниот ден Реал Мадрид и Ал Ахли ќе бијат битка во второто полуфинале.

Досега ниту еден тим надвор од Европа и Јужна Америка не успеал да го освои пехарот во Супер купот што го организира ФИФА.

 

- Оглас -

Најнови вести