Махмуд Ахмед Хасан, попознат по прекарот Трезеге, стана трагичар на египетскиот тим Ал-Ахли откако не реализира пенал со кој африканскиот гигант можеше да го победи Интер Мајами на Лионел Меси во првиот натпревар од Светското клупско првенство.
Мечот заврши 0-0, а египетските медиуми објавија дека Трезеге добил казна од клубот, но не поради утката, туку поради нешто друго.
Според извештаите, Трезеге бил казнет затоа што не ги следел наредбите на Хозе Ривеиро при изведувањето на пеналите. Шпанскиот менаџер го назначил Весам Абу Али за свој официјален изведувач на пенали, но ексиграчот на Астон вила и Трабзонспор реши да го изведе пеналот.
Трезеге наводно им се извинил на соиграчите и стручниот штаб. Сега на повеќекратниот африкански шампион му претстојат тешки натпревари против Палмеирас и Порто за да остане во трката за место во осминафиналето.