Ал-Ахли победува и без Фирмино, Алиоски асистент на еден од головите (Видео)

Ал-Ахли победи со 3-1 на гостувањето кај Ал-Халиџ и по две кола во саудиската лига има 6 бода и гол разлика 6-2.

Во составот на Ал-Ахли го немаше Роберто Фирмино, кој има мала мускулна повреда, но Езџан Алиоски и другарите предводен од Ријад Марез успеаја да ја завршат работата и да потврдат дека Ал-Ахли е еден од најсилните тимови во лигата.

По нафрлувањето на Марез, Алиоски ја стигна топката и ја упати кон петерецот, а тоа се покажа како асистенција за голот на Ибањес. Вториот гол го даде Марез, а третиот Алнабит.

Ова е асистенцијата на Алиоски и голот со кој Ал-Ахли поведе со 1-0:

https://twitter.com/i/status/1692237956017180770

- Оглас -

Најнови вести