Француски „Лекип“ објави информација дека саудискиот Ал-Ахли чиј член до неодамна беше Езџан Алиоски, почнал преговори за ангажирање на еден од најдобрите фудбалери во историјата, Лионел Меси.
Ал-Хилал пред две години и неодамна имаше одредени обиди да го убеди Меси да им се приклучи, а сега среќата ќе си ја проба Ал-Ахли, кој е актуелен првак на азиската Лига на шампиони, и истотака е локален ривал на Ал-Наср за кој игра Кристијано Роналдо.
Во Саудиска Арабија не им е премногу важно во кој нивен клуб ќе игра Меси, најважно им е да го привлечат во саудиската лига, што би било феноменално за нив од маркетиншка гледна точка.
Договорот на Меси со Интер Мајами истекува во декември и сега Аргентинецот е во дилема, дали да остане таму или да ја прифати богатата понуда од Арапите и да го обнови ривалството со Роналдо. Она што му оди во прилог на Ал-Ахли е што лигата во Саудиска Арабија трае и после декември, па Меси со играње цела пролет ќе биде максимално спремен за Светското првенство кое се игра следното лето.