Ал-Ахли среќно се најде на Светското клупско првенство, а сега ќе игра четвртфинале

Најтрофејниот египетски тим Ал-Ахли обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското клупско првенство откако со 3:0 го совлада претставникот од Австралија, Оукленд сити.

Ел Шахат во втората минута од судиското продолжение во првото полувреме го отвори резултатот, а на стартот од вториот дел, во 56-тата минута, Шериф зголеми на 2:0.

Перси Тау во 86-тата минута го постави конечниот резултат и го однесе Ал-Ахли во четвртфиналето, каде што го чека пресметка со шампионот на САД и на Конкакаф зоната, Сиетл.

Ал-Ахли среќно обезбеди пласман на Светското клупско првенство. Тие минатата година загубија во финалето на Африканската лига на шампиони од Видад Казабланка и во услови кога само континенталните шампиони играат на Светскиот клупски куп, единствена шанса им беше Мароко да биде домаќин, што ѝ се оствари.

Видад Казабланка игра на турнирот како домаќин, па и Ал-Ахли доби шанса како вицешампион на Африка да настапи и вечерва со победата над Оукленд сити си обезбеди пласман во четвртфиналето.

- Оглас -

Најнови вести