Ал-Хилал е подготвен да плати 60 милиони евра за фудбалер на Барселона?!

Веќе неколку дена е познато дека Барселона во иднина нема да смета на услугите на бразилецот Рафиња. Тој во Каталонија пристигна летото 2022-рата година од Лидс јунајтед за 58 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.

Од Барселона најавуваат дека се подготвени да го пуштат фудбалерот за обесштетување од 60 милиони евра, со оглед на тоа дека има договор до 2027-мата година. Веднаш се појави интерес од Ал-Хилал, клуб од Саудиска Арабија кој е подготвен да ја исплати бараната сума на Барселона.

Рафиња во изминатите 18 месеци настапи на вкупно 68 натпревари за „каталонците“, на кои постигна 13 погодоци и забележа 19 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести