Ал Хилал гази и без Митровиќ, Лапорт со гол во стилот на Роналдо му донесе победа на Ал Наср (Видео)

Двата најдобри саудиски тимови, Ал Хилал и Ал Наср, вечерва извојуваа победи во лигашки мечеви и ја продолжија трката за титулата.

Ал Хилал кој е најверојатниот нов првак на Саудиска Арабија, без првиот стрелец Александар Митровиќ во составот, со 4-1 го победи Ал Халиџ и дојде до 77 бода од можни 81. Бразилецот Малком даде два гола и беше творец на триумфот.

Ал Наср одвај победи со 1-0 на гостувањето кај Дамак. Стрелец на голот беше Ејмерик Лапорт во 91-ва минута. Шпанецот даде убав гол со глава по корнерот изведен од Марцело Брозовиќ. Кристијано Роналдо не беше стартер, но мораше да влезе во 66-та минута за да помогне.

- Оглас -

Најнови вести