Саудискиот гигант Ал-Хилал повторно го насочи вниманието кон капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, кој е поставен како главна трансферна цел на клубот од Ријад. Деветнаесеткратниот шампион на Саудиска Арабија е подготвен да понуди атрактивен финансиски пакет со цел трансферот да биде реализиран пред почетокот на Светското клупско првенство (15 јуни – 13 јули).
Ал-Хилал ова лето планира нова серија на звучни засилувања. Претходно, тие беа заинтересирани и за ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, но Египќанецот реши да остане на „Енфилд“. Сега, главен фокус е ставен на португалскиот играч за врска, кој има клучна улога во редовите на Црвените ѓаволи.
Според англиските медиуми, претставници на Ал-Хилал веќе стапиле во контакт со Манчестер јунајтед во последните неколку недели, но од „Олд Трафорд“ не се заинтересирани за продажба на својот капитен, кој важи за еден од најважните играчи во тимот.
Бруно Фернандеш беше поврзуван со потенцијален трансфер во Саудиска Арабија и минатото лето, но тогаш, исто како и сега, Португалецот не покажа сериозна желба да го напушти европскиот фудбал.