Ал-Хилал го претстави Симоне Инѕаги за нов тренер

Симоне Инѕаги официјално е новиот тренер на Ал-Хилал, откако клубот од Саудиската професионална лига го објави неговото ангажирање. Тој потпиша двегодишен договор.

Тренерот го напушти Интер по четири сезони, во кои освои една титула во Серија А, две изданија на Купот на Италија, три Суперкупа на Италија и стигна до две финалиња во Лигата на шампионите. Тој се одлучи на овој нов чекор, каде што, според информациите, ќе биде најплатениот тренер во светот со околу 30 милиони евра по сезона, вклучително и различни бонуси и додатоци.

Ал-Хилал објави видео со кое се потврдува пристигнувањето на Инѕаги и го нарече „Италијанскиот гениј“. Според „Скај Спорт Италија“, видеото било снимано во хотел во Париз.

Неговата тренерска кариера во саудискиот клуб ќе започне на Светското клупско првенство во САД, каде што Ал-Хилал ќе се соочи со Реал Мадрид на 18 јуни, а потоа и со Салцбург на 23 јуни и Пачука на 27 јуни.

- Оглас -

Најнови вести