Екипата на Ал-Хилал и без Нејмар во составот, кој денес стана татко, успеа да дојде до убедлива победа од 0-3 на гостувањето кај Ал-Акдуд и да се искачи на лидерската позиција на табелата во првенството на Саудиска Арабија.
Резултатот го отвори бразилецот Мичел во 10-тата минута и тоа беше резултатот после првиот дел. Во второто полувреме, веднаш на стартот му беше поништен погодок на Митровиќ, а неговиот сонародник Милинковиќ-Савиќ во 71-вата минута зголеми на 0-2.
Во 83-тата минута Ал-Давсари не успеа да резлизира пенал, но на одбиената топка натрча Митровиќ и овој пат голот беше признат за конечни 0-3.