Ал-Хилал ќе добие компензација од ФИФА за Нејмар, но тоа е само капка во морето!

Веста дека Нејмар има оштетени предни вкрстени лигаменти во коленото и скинат менискус, претставува вистински шок за неговиот клуб Ал-Хилал, кој за Бразилецот плати огромна сума пари.

Саудискиот клуб ќе добие финансиска компензација од ФИФА затоа што Нејмар се повреди играјќи на меч за репрезентацијата, во организација на ФИФА.

ФИФА на Ал-Хилал ќе му плати 7,5 милиони евра, што не е малку, но годишната плата на Нејмар е дури 106 милиони евра, па со 7,5 милиони не може да се покријат ни месечните примања на Нејмар според договорот што го има со Ал-Хилал.

 

- Оглас -

Најнови вести