Ал-Хилал ќе се ослободи од Нејмар за да направи место за Кристијано Роналдо?!

Медиумите во Саудиска Арабија пренесуваат речиси неверојатни вести кои се поврзани со фудбалските ѕвезди во оваа земја. Раководството на Ал-Хилал го губи трпението со Нејмар, кој не одигра речиси ништо за една и пол сезона, иако беше доведен како најголема ѕвезда во екипата.

Актуелниот шампион на Саудиска Арабија ќе се обиде уште во јануари да се ослободи од Нејмар и да го раскине договорт што го имаат сè со цел да направи место за Кристијано Роналдо, со кого сакаат да го комплетираат ѕвездениот тим. Ако информацијата за можно раскинување на договорот со Нејмар беше очекувана, тогаш како вистинска бомба одекна веста за можниот трансфер на Португалецот, кој најавуваше дека ќе го продолжи договорот со Ал-Наср.

Доколку Нејмар си замине од Ал-Хилал, негова желба е да се врати во Барселона, но тешко дека за него ќе има место кај Каталонците, пред сè поради финансиските проблеми кои ги имаат, па така како можни опции ќе му останат Интер Мајами во МЛС-лигата и матичниот Сантос во Бразил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести