Ал-Хилал на српски погон „гази“ во првенството на Саудиска Арабија: Пресврт за шест од шест (Видео)

Екипата на Ал-Хилал на крилјата на фантастичниот Александар Митровиќ продолжува да гази во првенството на Саудиска Арабија. Ал-Хилал дојде до шест од шест со двата гола на србинот и тоа за пресврт, откако губеше со 1-0 од Ал-Ахли, кој поведе со голот на Веига.

Србинот најпрво погоди во 42-рата минута за израмнување, но тој гол беше поништен. Сепак, во вториот дел следуваше шоу на Митровиќ, кој успеа да погоди во 56-тата минута, а потоа и во 78-мата од пенал.

Со овие два гола, Александар Митровиќ, дојде до бројката од 10 првенствени гола оваа сезона, што е двојно повеќе од Кристијано Роналдо кој има пет.

- Оглас -

Најнови вести