Ал Хилал официјално му понудил 300 милиони евра на ПСЖ за Мбапе?!

Саудискиот фудбалски клуб Ал Хилал и формално испратил понуда до Пари Сен Жермен за нивната ѕвезда Килијан Мбапе, а се зборува дека отштетата која се подготвени да ја платат е дури 300 милиони евра, што би било светски рекорд.

Во ПСЖ се подготвени да ја прифатат понудата на Саудијците, но се сомневаат дека Мбапе веќе договорил трансфер во Реал Мадрид во летото 2024 година. Од Ал Хилал немаат контактирано со Мбапе.

Деновиве имаше информации дека Мбапе сака да остане во ПСЖ во следната сезона и да заработи многу пари, дури и ако цела сезона биде на трибините, а потоа налето како слободен играч да прејде во Реал.

„Лекип“ објави дека и од Барселона има интерес за Мбапе, но Каталонците немаат пари, па на Светците им понудиле неколку играчи.

Во ПСЖ се на став дека нема да го пуштат да си оди како слободен. Како опција се спомнува и позајмица, но тешко дека ПСЖ ќе најде клуб кој ќе му ја плаќа целата плата на Мбапе која е огромна, и плус треба и самиот играч да прифати. Тренерот Луис Енрике сака сагата околу Мбапе што побрзо да заврши, но времето работи против ПСЖ. Здружението на играчи во Франција застана на страна на Мбапе и велат дека ПСЖ нема право да го спречува да игра, бидејќи има валиден договор со нив.

- Оглас -

Најнови вести