41.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Ал-Хилал полуде по Исак, му нудат неделна плата од 700.000 евра

Шведскиот напаѓач од Њукасл, Александар Исак, сака да ги разгледа опциите за напуштање на клубот, се зборуваше за трансфер во Ливерпул, но според „Гардијан“, фудбалерот добил понуда од Ал-Хилал во износ од дури 600 илјади фунти неделно (36 милиони годишно) како и значајни дополнителни профитабилни бонуси ак освои титула, ако даде одреден број голови, итн.

Ливерпул нема да може да ги понуди истите лични услови што ги нуди Ал-Хилал и не е јасно дали ќе може да си ја дозволи сумата за отштета, Исак се проценува на околу 120 милиони фунти. На фановите на Њукасл помило би им било ако Исак замине во некој клуб од друга држава, а не да засили друг англиски премиерлигаш.

Црвените веќе потрошија многу пари за напаѓач, Уго Екитике, 79 милиони фунти, а го урнаа и премиерлигашкиот рекорд со плаќањето 116 милиони фунти за Флоријан Вирц од Баер Леверкузен.

Ал-Хилал кој беше четвртфиналист на Светското клупско првенство, за тренер го има Симоне Инѕаги, а Италијанецот наводно побарал да го доведат Дарвин Нуњез од Ливерпул, но сега и Исак е опција.

- Оглас -

Најнови вести