Ал-Хилал продолжува да троши, пристигнува поранешен фудбалер на Барселона за 60 милиони евра

Ал-Хилал од Саудиска Арабија продолжува да троши и сумата потрошена на обесштетување веќе достигна неверојатни 178 милиони евра. Најновата анквизиција на клубот е бразилецот Малком кој настапува во руското првенство за Зенит.

Арапите на Зенит ќе му платат 60 милиони евра за фудбалерот кој има договорот до 2027-мата година. Малком во 2019-тата година направи трансфер од Барселона во Зенит за 40 милиони евра, а неговата моментална вредност е 30 милиони евра.

Ова ќе биде најголемото обесштетување кое го плаќа Ал-Хилал ова лето, откако претходно му платија на Вулверхемтон 55 милиони евра за Рубен Невеш, 40 милиони евра на Лацио за Сергеј Милинковиќ-Савиќ и 23 милиони евра на Челзи за Калиду Кулибали.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести