Ал-Хилал сака да му го раскине договорот на Нејмар

Нејмар пред неколку месеци на спектакуларен начин пристигна во екипата на Ал-Хилал и требаше да биде најголемо засилување во овој тим од Саудиска Арабија. Сепак, наместо засилување, Нејмар се претвора во најголемо разочарување, и тоа откако заработи тешка повреда.

Бразилецот се повреди на 18 октомври, и тоа во националниот дрес на дуелот против Уругвај во квалификациите за Светското првенство 2026 година. По направените лекарски прегледи, беше констатирано дека се работи за сериозна повреда, односно скинати вкрстени лигаменти на левото колено.

Тоа значи дека Нејмар ќе мора да паузира до крајот на сезоната, па Ал-Хилал размислува да го раскине договорот со Бразилецот за да може да потпише со нов странец. Според правилата во Саудиска Арабија, во еден клуб може да има пријавено максимално пет странци, а Нејмар сега само џабе фаќа простор на некој кој би можело да игра.

Ал-Хилал размислува да доведе лев бек и тоа сигурно би било некое засилување од европски тим, но тоа би се случило само ако Нејмар остане без договор со клубот за којшто одигра само пет натпревари и постигна еден гол, а имаше и три асистенции.

- Оглас -

Најнови вести