Ал Хилал се пофали: Митровиќ е „во сина боја“

Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ ќе биде нов играч на Ал Хилал, се пофалија од клубот кој игра во првенството на Саудиска Арабија. Веќе 10-тина дена трае борбата на Митровиќ да си замине од Фулам, а според последните информации, англискиот тим се согласил да го пушти Србинот да најде нов клуб.

Првично Фулам одби 40 милиони евра за да го ослободи Митровиќ, но сега е јасно дека клубовите постигнале договор. Ал Хилал е еден од најактивните саудиски клубови во летниот трансфер период. Митровиќ во новиот тим ќе биде соиграч со Сергеј Миленковиќ-Савиќ, Рубен Невес и Калиду Кулибали.

За разлика од Митровиќ кој ги прифати саудиските милиони, тренерот на Фулам Марко Силва одби да замине во Ал Хилал и да потпише двегодишен договор со кој ќе заработеше 40 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести