Ал-Хилал со луда понуда сака да го добие Симоне Инѕаги на клупата

Иднината на Симоне Инѕаги на клупата на Интер е неизвесна, откако сезонава не успеада ја одбрани титулата во Серија А, а во Лигата на шампионите доживеа историски пораз од ПСЖ.

И самиот Инѕаги најави дека треба да размисли и да разговара со раководството на клубот околу неговата иднина, а тоа веднаш сакаат да го искористат од Саудиска Арабија.

Според италијанските медиуми, Ал-Хилал и официјално испратил понуда до менаџерскиот тим на Инѕаги да се пресели на нивната клупа, а за тоа би заработувал неверојатни 30 милиони евра годишно.

Иднината на Инѕаги во Интер ќе биде позната следната седмица, откако најпрво раководството ќе има состанок, а потоа ќе се сретнат и со тренерот.

- Оглас -

Најнови вести