Еден од најголемите трансфери летово во Саудиска Арабија беше оној на Нејмар од ПСЖ во Ал-Хилал. Медиумите, но и клубот информираа дека тој потпишал четиригодишен договор со „кралскиот клуб“ од Саудиска Арабија, но бразилски новинар тврди дека тоа не е така и дека Нејмар веќе следното лето ќе има нов клуб.
„Во разговор со пријатели на Нејмар и со неговиот татко добив информација дека тој не потпишал договор на четири години со Ал-Хилал, тука само на една сезона за да може да се врати во Сантос пред Светското првенство. Нејмар лично барал од Сантос да се врати. Имаме заеднички пријатели, кои нема да ги откријам, но така дознав дека има голема желба да се врати во Сантос. Нејмар им кажал на пријателите дека не потпишал четиригодишен договор со Арапите за да може да се врати во клубот барем една година пред Светското првенство“, вели бразилскиот новинар Адемир Квинтино.
Ал-Хилал за трансферот на Нејмар на ПСЖ му плати 90 милиони евра.