13.8 C
Skopje
понеделник, 29 септември 2025

Ал Хорфорд на 39-годишна возраст потпишува долгорочен договор со Голден стејт

Ал Хорфорд и на 39-годишна возраст нема намера да се пензионира и планира да продолжи да игра, а во новата НБА-сезона ќе има и нов клуб. Тој ќе го замени Бостон со Голден стејт, а според извештаите од САД, договорот кој наскоро треба да биде потпишан ќе биде повеќегодишен, а тоа значи дека Хорфорд планира да игра на високо ниво и во петтата деценија од животот.

Хорфорд веќе 18 сезони е дел од НБА-лигата откако во 2007 година како трет пик на драфтот потпиша за Атланта и таму ги мина првите девет сезони. Следуваа три сезони за Бостон, па по една во Филаделфија и Оклахома, а последните четири години ги мина во дресот на Бостон и успеа да дојде до титулата.

Во своите 1138 натпревари во НБА-лигата има ефект од 12,9 поени по натпревар, но и 7,9 скокови и 3,2 асистенции, како и 37,7% успешност за три поени.

- Оглас -

Најнови вести