Ал-Итихад направи голем гаф поради кој сите му се смеат, фрли тон пари за Французинот, а му го утна презимето (Фото)

Карим Бензема вчера и официјално беше претставен како нов фудбалер на саудискиот Ал-Итихад, кој пак направи голем гаф на социјалните мрежи поради кој сите му се смееја.

Имено, Бензема беше претставен преку видео, а клубот чиј надимак е Тигри погрешно го напиша презимето на фудбалерот и Бензема го преименува во Бензима:
„Бензима е тука. Новиот тигар ќе рика. Добредојде во Итихад“.

Грешката брзо беше исправена, но предоцна бидејќи фановите на „Твитер“ веќе почнаа да тераат мајтап со саудискиот тим.

Бензема со Ал-Итихад потпиша двегодишен договор вреден 400 милиони евра, со можност тој да се продолжи за уште една под исти услови.

- Оглас -

Најнови вести