Ал-Итихад останува „перфектен“, победа и за Ал-Хилал (Видео)

Sвездените екипи на Ал-Хилал и Ал-Итихад забележаа нови победи во првенството на Саудиска Арабија.

Најтрофејниот клуб во Саудиска Арабија, Ал-Хилал, забележа победа од 2-0 над Ал-Етифак, кој од клупата е предводен од Стивен Џерард.

Бразилецот Малком го донесе Ал-Хилал во водство од 1-0 во 24-тата минута, по прекрасното проигрување од Александар Митровиќ.

https://twitter.com/ActuSPL/status/1696228239595708659?s=20

Конечните 2-0 ги постави домашниот фудбалер Салем Ал-Давсари со прекрасен погодок во 41-вата минута.

https://twitter.com/ActuSPL/status/1696232993004585277?s=20

Ал-Итихад останува „префектен“ откако победи и на четвртиот натпревар оваа сезона, овојпат над Ал-Вехда на гости со 0-3.

Во првото полувреме немаше голови, а резултатот го отвори Ромарињо во 63-тата минута.

https://twitter.com/ActuSPL/status/1696243885113053223?s=20

Само четири минути подоцна, Португалецот Жота погоди за зголемување на водството на 0-2, а конечните 0-3 беа дело на Игор Коронадо во 73-тата минута.

https://twitter.com/ActuSPL/status/1696244379470758202?s=20

- Оглас -

Најнови вести