5261 Ал-Акдуд – Ал-Итихад (17:00)
Екипата на Ал-Итихад засилена со голем број фудбалски ѕвезди е фаворит против која било екипа од првенството на Саудиска Арабија, па така и против Ал-Акдуд. Гостите го имаат најдобриот напад во лигата и постигнаа 15 гола на три натпревари, а Ал-Акдуд е на 13-тата позиција од 18 екипи во првенство само со четири поени. Овие две екипи првпат во историјата ќе играат помеѓу себе.
Предлог тип: 2 Двојна (1.96)
3151 Левски С. – Пирин Б. (19:30)
Левски од Софија денес ќе има лесна задача против „фенерџијата“ Пирин од Благоевград. Иако на клубот од Софија не му оди баш најдобро во првенството оваа сезона, сепак Пирин е последнопласиран само со еден бод. Три од последните пет натпревари помеѓу овие две екипи завршија со голови во двете мрежи.
Предлог тип: 1 & ГГ (3.60)
4701 Комерсијантес У. – Унион Х. (22:00)
На дуелот од втората лига на Перу, домашните се апсолутни фаворити. Комерсијантес Унидос е лидер на табелета со убедлива предност пред второпласираниот, додека гостите се во долниот дел од табелата без никакви шанси за напредок или назадување. Четири од нивните пет последни меѓусебни натпревари завршиле најмалку со три гола, а Комерсијантес на последните два дуела против Унион беше убедлив и победи со 1-5 на гости и 3-1 дома.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.25)
4251 – Лондрина – Итуано (23:30)
Дуел на екипи од втората половина на табелата на бразилската Серија Б, во кој гостите ја имаат фаворитската улога. Лондрина на последните пет натпревари доживеа четири порази и само еднаш одигра нерешено, со што заслужено се најде на претпоследната позиција на табелата и сосема извесно дека следната сезона ќе игра во понизок ранг. Итуано се чини дека е далеку од опасната зона, но со победа на денешниот натпревар, дополнително ќе си ја зацврсти позицијата и ќе фати приклучок кон средината на табелата.
Предлог тип: 2 (3.00)
5293 Ал-Наср Д. – Ајман (18:00)
Натпреварите од Арапскиот Полуостров секогаш се ефикасни, а така се очекува да биде и на дуелот од Лига купот на ОАЕ помеѓу Ал-Наср од Дубаи и Ајман. Овие две екипи оваа година веќе одиграа два натпревари, Ајман победи на првиот со 4-1, додека вториот заврши без победник, 2-2.
Предлог тип: ГГ & 1+I&1+II (1.82)