Ал-Келаифи ги шокира Кралевите со една изјава: Имам договор со Мбапе

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, во интервју за катарската телевизија БеИН спорт, изјави дека сè уште не е готово со заминувањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

Пред неколку месеци, Мбапе ја извести управата на ПСЖ дека нема да го продолжи договорот со ПСЖ, а медиумите објавија дека тој налето ќе потпише договор со Реал Мадрид. Дури најпознатиот фудбалски новинар, Фабрицио Романо, потврди дека Мбапе како слободен играч ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

„Мпабе е многу задоволен со разговорите кои ги има со луѓето од Реал. Прашање на време е кога сапуницата ќе биде завршена. ПСЖ се обиде да го задржи, постојано му испраќаше нови понуди, а потоа Мбапе пресече и го избра Реал, а на францускиот тим му порача дека повеќе нема потреба да му се јавува поради нов договор“, рече Романо.

Но, сега Ал-Келаифи, даде изјава која може да ги загрижи Кралевите бидејќи веќе еднаш успеа да им го „расипе договорот“ и го убеди Мбапе да остане на „Паркот на принцовите“.

„Имам договор со Килијан, но не сакам да ви откривам детали. На сите им е јасно дека сакам Мбапе да остане во ПСЖ. Тој е најдобар фудбалер на светот и за него е најдобро да остане во својот дом“, порача Ал-Келаифи.

- Оглас -

Најнови вести