Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, за шпанските медиуми изјави дека очекува Килијан Мбапе и следната сезона да го носи дресот на Светците.
Првиот човек на ПСЖ се огласи поради шпекулациите дека Мбапе му дал збор на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, дека по завршување на сезоната, ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
„Јас ништо не кријам, сигурен сум дека сакам Мбапе да остане, за мене, тој е најдобар играч на светот и ПСЖ е најдобриот клуб за него. Тој е централен дел од нашиот проект. Направивме многу работи, некои беа успешни, некои не. Нормално е да се греши, но сега направивме млад тим со доста француски фудбалери. гледаме и работиме долгорочно, атмосферата е одлична. Мбапе се уште е млад и сака да освои многу трофеи, а верувам дека тоа ќе го направи со нас“, изјави Ал-Келаифи.