Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, после долг период проговори на темата Лионел Меси. Тој објаснува дека на аргентинецот не му дозволиле да продефилира на “Паркот на принцовите” со трофејот од Светското првенство во Катар, бидејќи во финалето ја победиле токму Франција и тие не сакале Меси да биде подложен на свирежи и критики од домашната публика, но и за да не го навредат Килијан Мбапе.
Ал-Келаифи се осврна и на критиките на Меси после неговото заминување, дека во ПСЖ му било многу тешко.
– “Да разговараме кога сме тука, а не кога не нема. Имам големо почитување кон него, но ако некој зборува лошо за ПСЖ после неговото заминување, тоа не е добро, тоа не почитување. Тој не е лош човек, но мене тоа не ми се допаѓа. Ова не се однесува само за Меси, туку за сите.” – вели Ал-Келаифи.