23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Ал-Келаифи: Проблемот кој го имавме ние порано, сега го има Реал Мадрид

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, верува дека ова е само почеток на ерата на ПСЖ, со млад тим и нова култура во клубот.

На неколку часа пред да се соочи со Реал Мадрид во полуфиналето на Светското клупско првенство, Насер индиректно упати и провокација до Килијан Мбапе кој летоска од Париз се пресели во Мадрид и тоа како слободен играч, па уште не можат да се помират со тоа.

ПСЖ – Реал Мадрид не е обичен. Ова е средба за два проекта кои се тотално различни и во спортска и во институционална смисла. Луис Енрике е една најомразените личности кај фановите на Реал, Ал-Келаифи и Флорентино Перез се во војна поради битката на ЕКА со таканаречената Суперлига, Мбапе првпат игра против „своите“ откако ги откачи лани.

Чувството во Париз е дека крајот на нивните „Галактикос“ (Меси, Нејмар и Мбапе) доведе до појава на тимска игра, и екипата под водство на Луис Енрике, освои сè.

„Проблемите што ги имавме порано, сега ги има Реал Мадрид“, вели Насер кој не го спомна Мбапе, но јасно е дека мисли на него.

И за Мбапе ова е многу посебен натпревар. Тој првпат ќе се соочи против ПСЖ по разделбата пред само една година.

Мбапе објави впечатлива фотографија на својот официјален Инстаграм профил од времето кога беше играч на ПСЖ, со зборот „GOAT“ (израз за најдбар на сите времиња) во позадина. Мбапе ги држи сите рекорди во ПСЖ, но го напушти Париз без посакуваната титула во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести