Ал-Келаифи се замори од неуспеси, се сели од ПСЖ во Рома?

Првиот човек на Пари Сен Жермен, Ал-Келаифи, е уморен од обидите со ПСЖ да се пробие на европската сцена, сите обиди за трофејот во ЛШ се неуспешни и покрај огромните вложувања, па размислува да си замине од Париз и да се пресели во Рим.

Рома може да биде новата дестинација на богатите Катарци, а таква опција најавуваат италијанските медиуми.

Постои варијанта и ПСЖ да остане во игра и да се вложува паралелно во Рома, но таа е пониезвесната варијанта. Тука можно е да има и проблем во некое идно натпреварување во ЛШ бидејќи не е дозволено клубовите да имаат исти сопственици, ниту главни спонзори.

- Оглас -

Најнови вести