Ал-Келаифи сонува за Кристијано Роналдо во дресот на ПСЖ

Еден од најбогатите луѓе во светот на фудбалот, Насер Ал-Келаифи, не крие дека би сакал во Пари Сен Жермен да го донесе Кристијано Роналдо. Катарецот во изминатите години на „Паркот на принцовите“ успеа да донесе ѕвезди како Нејмар, Златан Ибрахимовиќ и Дејвид Бекам, а сега сонува за португалската суперѕвезда.

„Кристијано е играч кој секојдневно работи на себе, ги поместува границите и оди до максимум. Му се воодушевувам за непопустливата волја која ја има и истрајност. Вистински пример е за идните и млади спортисти“ – изјави првиот човек на ПСЖ.

Роналдо со Јувентус има договор до 2022 година. За раководството на Светците од Париз не постои зборот невозможно и можеби ќе се обидат да го ангажираат Кристијано. Сепак, нема да биде лесно. Треба со огромна плата да го убедат 35-годишниот Роналдо да им се придружи, а треба и да го натераат Јуве да им го продаде.

- Оглас -

Најнови вести