Ал Келаифи во финалето на СП ќе навива за Франција

Првиот човек на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, задоволен што две од најголемите ѕвезди на неговиот клуб, Лионел Меси и Килијан Мбапе ќе играат во финалето на Светското првенство во Катар, а Катарецот повеќе би сакал да триумфира Франција на Мбапе.

„Ги имаме двајцата најдобри фудбалери на светот. Ќе навивам за Франција, бидејќи мојот клуб е француски и Франција е мојата втора татковина. Имам играч и во составот на Аргентина, за Меси ова е последно Светско първенство. Килијан е единствен играч од ПСЖ со две финалиња по ред. Тоа е прекрасно. Одвај го чекам финалето. Се надевам дека ќе победи Франция, но и Аргентина има одличен Мундијал, ако можев би им ја дал титулата и на двајцата“ – вели Ал-Келаифи кој најави дека после СП ќе разговара со Меси за продолжување на договорот.

- Оглас -

Најнови вести