Ал-Наср го одмораше Роналдо, па во последната минута од пенал се спасуваше од пораз (Видео)

Најдобриот фудбалер на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, не беше во составот за првенствениот меч против Ал-Колод, што претставуваше големо изненадување за навивачите, но и за целокупната фудбалска јавност. Според арапските медиуми, ова била одлука на тренерот, да го поштеди Роналдо од дополнителен замор против екипата од долниот дел на табелата, но и далечното патување на северозападот на земјата.

Сепак, тоа можеше да ги чини скапо, бидејќи Ал-Наср се спаси од пораз во 94-тата минута и тоа од пенал. Херој на Ал-Наср е Андерсон Талиска кој постигна два гол, а негово дело беше и голот од пенал за 3-3. Еден гол беше дело и на Ејмерик Лапорт.

- Оглас -

Најнови вести