Кристијано Роналдо низ кариерата има одиграно многу големи дерби-дуели, но за првпат ќе биде дел од најголемото дерби во фудбалот во Саудиска Арабија. Неговиот Ал-Наср ќе гостува кај Ал-Хилал во дербито на главниот град.
Ривалството меѓу Ал-Наср и Ал-Хилал започнало од 1958 година, кога првпат се сретнале и во пријателски меч победил Ал-Наср со 1:0. Од тој момент до денеска, овие два клуба имаат одиграно вкупно 172 официјални средби, а Ал-Хилал е подобар и има 69 победи. Најголемата победа повторно е на контото на Ал-Хилал, и тоа со 5:1 во 2017 и 4:0 минатата година.
Ал-Наср сега е засилен со Роналдо во своите редови, но предноста на домашен терен ќе ја има Ал-Хилал, кој сезонава дома во 12 средби има само два пораза. Ал-Наср атакува на титулата во првенството, но заостанува три бода зад лидерот Ал-Итихад. Доколку се случи вечерва тимот на Роналдо да не победи, а Ал-Итихад да освои нови три бода, разликата ќе биде пет или шест бода на шест кола до крајот, што значи дека Ал-Наср ќе биде во незавидна ситуација.
Во последните пет дуели на овие два тима, Ал-Хилал има три победи, а Ал-Наср се радувал само еднаш. Вкупно имало 16 гола, односно во просек повеќе од три погодока на меч.